Ферстапен е горд на титулата, но сепак „послатка“ му е минатогодишната

Ферстапен е горд на титулата, но сепак „послатка“ му е минатогодишната

пред 8 часа

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, изјави дека никогаш не ни замислувал дека ќе освои четири последователни шампионски титули во Формула 1 и дека сепак ја претпочита титулата што ја освои минатата сезона.

„Стоењето овде како четирикратен светски шампион е нешто што никогаш не мислев дека ќе биде возможно. Значи во овој момент чувствувам само олеснување, но и многу гордост“, изјави 27-годишниот холандски возач, објави „Скај Спорт“.

Ферстапен ја освои својата четврта последователна титула во Формула 1 со петтото место на трката за ГН на Лас Вегас. Холанѓанеџот се изедначи на третото место на сите времиња со Себастијан Фетел и Ален Прост. Пред нив по бројот на титули се Хуан Мануел Фанџо со пет, како и водечките Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум трофеи.

Во генералниот поредок Ферстапен има недостижни 403 бода, додека неговиот најголем ривал Ландо Норис од Мекларен заостанува 63 бода. Возачот на Ферари, Шарл Леклер е на третото место со 319 бодови.

Ферстапен додаде дека сезоната е многу долга, одчично ја започнале со тимот, а подоцна влегле во резултатска криза.

„Како тим работевме заедно, продолживме да го подобруваме болидот и на крајот ја минавме целта“. Неверојатно сум горд на се што направија за мене“, рече Ферстапен.

Тој исто така рече дека и понатаму ја претпочита претходната титула, која ја освои на доминантен начин со речиси 300 бодови пред второпласираниот тимски колега Серхио Перез.

„На некој начин, сè уште ја претпочитам минатата сезона, многу уживав, но мислам дека повторно научив многу лекции оваа сезона. Начинот на кој што ја освоивме титулата ја прави оваа сезона многу посебна и убава“, заклучи Верстапен.

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Лас Вегас, втор беше неговиот тимски колега Луис Хамилтон, додека трет заврши Карлос Саинц од Ферари.

До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, а следната ќе се вози на 1 декември во Катар. Покрај главната трка следната сабота, ќе има и спринт во Катар.

Share
Scroll to Top