Фетел од црвено во зелено – Астон Мартин со ново име и нов спонзор

Фетел од црвено во зелено – Астон Мартин со ново име и нов спонзор

пред 4 години

Поранешниот тим на Рејсинг поинт (а претходно Форс Индија) има официјално ново име и нов спонзор – Астон Мартин рејсинг со партнерство на американскиот ИТ гигант Когнизант, за целосно нов старт со големи амбиции оваа сезона.

Досега главен спонзор на Рејсинг поинт беше австриската компанија за третман на води BWT, поради која болидите беа обоени розево, а сега болидите ќе бидат зелени по спонзорот, така што четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел од црвеното на Ферари, оди во зеленото на Астон Мартин.

„Враќањето на Астон Мартин во Формула 1 по повеќе од 60 години е историски момент за спортот. Сите знаат што значи Астон Мартин, но сега со брендот одиме во нов правец со почит за претходните верзии на тимот. Горд сум што ја почнуваме оваа битка со поддршка на Когнизант“, вели канадскиот милијардер Лоренс Строл, кој го предводи конзорциумот кој го купи тимот и брендот Астон Мартин, и чиј син, Ленс Строл ќе биде колега на Фетел во 2021.

Новиот болид ќе биде откриен во седиштетот на тимот во Гејдон во март, неколку недели пред стартот на сезоната.

Share
Scroll to Top