Филадефија го врати брејкот – Хокс без решение за Ембид

Филадефија го врати брејкот – Хокс без решение за Ембид

пред 3 години

Кошаркарите на Филаделфија Севентисиксерс го вратија брејкот и поведоа во серијата против Атланта Хокс со 2-1. Сиксерси со 127:111 го добија третиот меч во серијата против Атланта.

Филаделфија до победата ја предводеше Камерунецот, Џоел Ембид со 27 поени (12 од линијата за слободни фрлања), девет скокови и осум асистенции. Покрај Ембид, одлични кај победникот беа Тобајас Херис со 22 и Бен Симонс со 18 поени.

Тројца се издвоија и кај Атланта. Тре Јанг имаше учинок од 28 поени и осум асистенции, Џо Колинс постигна 23, а Богдан Богдановиќ 19 поени.



Share
Scroll to Top