Словенецот Сашо Филиповски се наоѓа пред отказ во кошаркарскиот клуб Партизан. Филиповски, пред четири месеци, седна на клупата на поранешниот европски првак, не ги оправда очекувањата и според српските медиуми тој во текот на денот ќе го напушти клубот.
Филиповски на 5.ноември 2021 година го наследи Владо Шчепановиќ, кој доби отказ поради променливите резултати. Промената на тренерот не донесе ништо добро во таборот на црно-белите, туку дополнително се влошија.
Партизан нема шанси за пласман во плеј-офот во АБА лигата, а во регионалното нема победа во последните два месеци. Партизан во АБА лигата нема победа на последните шест натпревари, а минатиот месец не успеа да ја одбрани титулата во Купот на Србија.
Клубот ги задржа шансите за пласман во четврт-финалето во Еврокупот. Во среда, Партизан мора да го победи Метрополитан, за да се надева на пласман меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување.
Српските медиуми пишуваат дека Филиповски нема да го води тимот на овој натпревар. Тој не го водел денешниот тренинг, а попладнево треба да има средба со клупските челници.