ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА воведува трет преоден рок

пред 6 часа

Светската куќа на фудбалот се подготвува да воведе уште една, може да се каже, револуционерна промена.

Пред неколку децении дознавме за два преодни рока, летен и зимски, а од 2025 година и тоа ќе се промени.

Имено, ФИФА одлучи да воведе трет трансфер период, кој ќе трае само 10 дена.

Тоа би важело во периодот од 1 до 10 јуни, со идеја на учесниците на Светското клупско првенство да им се даде можност да се засилат пред учество.

Тој натпревар ќе се одржи на 11 стадиони во САД од 15 јуни до 13 јули.

Клубовите и играчите веќе многу се жалеа поради тоа што играат премногу натпревари и дека условите станаа нечовечки. Со одржувањето на СП за клубови, играчите нема да имаат време за летен одмор.

Родри и одредени големи играчи најавија дури и штрајк, па оваа одлука на ФИФА веројатно има за цел да го спречи тоа.

Share
Scroll to Top