ФИФА инсистира: 94 отсто полни стадиони во првото коло!

ФИФА инсистира: 94 отсто полни стадиони во првото коло!

пред 2 години

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) инсистира дека стадионите на Светското првенство во Катар во првото коло од групната фаза биле исполните со 94 отсто, и покрај тоа што на неколку мечеви беа видливи празни седишта.

Најпосетен меч од првата рунда бил дуелот помеѓу Бразил и Србија (2:0) на „Лусаил“ стадионот со 88.103 гледачи. Според ФИФА имаа достапни билети за речиси сите преостанати мечеви, а досега се продадени над 3 милиони билети.

Претходно, на стартот на шампионатот, ФИФА објави бројки за посетеност кои беа повисоки од капацитетот на стадионите, но потоа разјасни дека повеќето стадиони во Катар имаат можност да примат повеќе гледачи од „номиналниот“ капацитет.

Share
Scroll to Top