Флора Дафи – Челичната девојка од Бермуда

Флора Дафи – Челичната девојка од Бермуда

пред 3 години

Флора Дафи од Бермуда, го освои златниот медал во триатлон на Олимписките игри во Токио.

Дафи во целта имаше време од 1:55.36 часа. Триатлонот е комбинација на пливање (1.500 метри), возење велосипед (40 километри) и трчање (10 километри).

Среброто и припадна на Британската Тејлор Браун, која задоцни за една минута и 14 секунди, а третото место го освои Американката Кети Заферс.

Бермуда, има популација од 63.000 жители и е најмалата нација со освоен олимписки медал.

Share
Scroll to Top