Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, доби нов четири годишен мандат.
Управниот одбор, на синоќешниот состанок, заклучил дека Перез е единствениот кандидат за функцијата.
Бидејќи немал против кандидат, Управниот одбор изгласа Перез да остане на функцијата до 2025 година.
Состанокот на Управниот одбор траел 14 минути, а веднаш потоа клубот потврдил дека Перез уште четири години ќе биде претседател.