Дефанзивецот на Барселона, Алехандро Балде заработи сериозна повреда на натпреварот против Лас Палмас, што предизвика загриженост кај играчите и навивачите.
Инцидентот се случил во средишницата на првото полувреме, кога Балде по сударот со Сандро Рамирез почна да кашла и да се гуши, а набргу потоа, според шпанските медиуми повраќал крв.
Alejandro Baldé sort sur civière dans un état critique après un choc avec Sandro !
L’Espagnol ne pouvait se tenir debout et avait du mal à respirer.
On va espérer rien de grave.
Pas de carton pour le joueur de Las Palmas.
@TheEuropeanLad pic.twitter.com/3PLrIzvAVR
— Actu Foot (@ActuFoot_) November 30, 2024
Momento em que Balde é substituído. Que fique tudo bem logo pic.twitter.com/og2x0FsMtw
— Alejandro Balde Brasil (@alebaldebr) November 30, 2024
Инаку, Каталонците беа поразени на домашен терен со 2:1.
Сандро Рамирез ги доведе гостите во водство во 49. минута, додека Рафиња израмни на асистенција на Педри во 61. минута. Сепак, Силва го постигна решавачкиот гол за Лас Палмас во 67. минута. Барселона ја продолжи лошата серија во Примера, на последните три натпревари играчите на Ханси Флик освоија само еден бо. Доколку Реал во оваа рунда го победи Хетафе ќе се искачи на првото место на табелата.