(Фото) Медведев дивееше поради судиска одлука па испадна од Монте Карло

(Фото) Медведев дивееше поради судиска одлука па испадна од Монте Карло

пред 8 месеци

Русинот Даниил Медведев го заврши настапот во Монте Карло. Во осминафиналето тој беше елиминиран од сонародникот Карен Хачанов со 6:3, 7:5.

И во осминафиналето, слично како и во претходниот меч против Гаел Монфис, Медведев имаше жолчна расправија со судијата.

Медведев на мечот против Гаел Монфис му се развика на судијата и му се извини по дуелот, а против Хачанов полуде во вториот сет, поради лоша одлука на судијата при резултат 5:5.

Тоа целосно го изнервира Медведев, кој направи дупла сервис грешка, а потоа го фрли рекетот.

Следуваше жесток разговор со супервизорот, поради што беше казнет со одземање на еден поен.

„Кој треба да реагира? Вчера топката беше надвор од теренот и беше прогласена за добра. Оваа топка беше надвор. Кој ќе преземе одговорност? Не е моја одговорност да ги судам натпреварите. На судијата не му требаат наочари бидејќи секако ништо не може да види“, викаше Медведев.

Share
Scroll to Top