Французинките како „воз“ преку Хрватска

Французинките како „воз“ преку Хрватска

пред 4 години

Француската женска ракометна репрезентација ќе ја брани титулата на ЕП во Данска и Норвешка, откако со неверојатни 30:19 (15:5) ја совладаа првата атракција на шампионатот, Хрватска, доминирајќи во текот на целиот меч.

Франција за титулата ќе игра во недела со подобриот од второто полуфинале, меѓу нордиските ривалки Данска и Норвешка, додека Хрватките најголемиот успех во историјата ќе го прослават со борба за бронзениот медал.

Хрватска имаше солиден и еднаков старт на мечот поведувајќи со 3:2, но потоа следуваше неверојатната низа од 8:0, за Франција да поведе со 11:3 и да го реши победникот на мечот уште во првите 20 минути. Грејс Зади, Калидијату Ниакате, Естел Нзе и Александра Лакрабер имаа по четири гола за Франција, додека за Хрватките по три гола дадоа Валентина Блажевиќ, Дора Кршник и Катарина Јежиќ.

ПОЛУФИНАЛЕ, ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
Франција – Хрватска 30:19 (15:5)
Данска – Норвешка 20.30 ч.

Share
Scroll to Top