Францускиот репрезентативец Еван Фурние е во преговори со неколку евролигашки екипи. Наводно фаворит за неговиот потпис е Олимпијакос.
По 12 години во НБА, Фурние реши да се врати во Европа.
Фурние одигра само 59 натпревари во НБА лигата во последните две сезони, со просек од 6,5 поени, 1,8 скока и 1,4 асистенции.
Французинот за време на Олимписките игри имаше одлични партии во дресот на националниот тим, со 9,8 поени со 1,7 скока и 2,2 асистенции. Тој му помогна на својот тим да го освои сребрениот медал.
Несомнено е дека Фурние би бил одлично засилување за Олимпијакос, кој успеа летово од НБА да го врати Саша Везенков во своите редови.
Интересно, пред две години, Фурние на социјалните мрежи истакна дека доколку би се вратил во клуб од Евролигата, тоа дефинитивно би бил Олимпијакос.