Фудбалерите на Бока јуниорс се тепаа со обезбедувањето, осуммина завршија во полиција

Фудбалерите на Бока јуниорс се тепаа со обезбедувањето, осуммина завршија во полиција

пред 3 години

Атлетико Минеиро ја елиминира Бока јуниорс во осмина-финалето, во Копа Либертадорес. Двата натпревари завршија без голови, Атлетико во четврт-финалето се пласираше со победата на пенали од 3:1.

Само Маркос Рохо погоди за Бока во првата серија, сите останати промашија, додека за Атлетико прецизни беа Фернандес, Алонсо и голманот Еверсон.

По мечот се случија инциденти, поради кои осум играчи на Бока јуниорс завршиле во полиција.

Фудбалерите на Бока се обиделе да се пресметаат со обезбедувањето и полицијата. Наводно тие се обиделе да влезат и во соблекувалната на Атлетико.

На крајот морал да интервенира и амбасадорот на Аргентина во Бразил, кој побарал играчите, со кауција,  да бидат пуштени на слобода.



Share
Scroll to Top