Иако се верува дека нивниот сопственик, Џон Хенри, е еден од главните креатори на Европската Суперлига, фудбалерите на Ливерпул издадоа заедничко соопштение на социјалните мрежи со кое го искажуваат своето несогласување со Суперлигата, но во исто време кажуваат дека посветеноста кон клубот е „апсолутна“.
„Не ни се допаѓа ова и не го сакаме. Тоа е нашето заедничко мислење. Нашата посветеност кон овој фудбалски клуб и навивачите е апсолутна и без граници. You’ll Never Walk Alone“, се вели во пораката која ја споделија капитенот Џордан Хендерсон и повеќе фудбалери на клубот.
Претходно, Хендерсон потврди дека ќе има состанок со сите капитени на клубовите од Премиер лигата во обид да имаат заедничко соопштение за Суперлигата. Ливерпул, засега, останува меѓу основачите на Суперлигата и засега нема шпекулации дека подготвуваат повлекување.
— Jordan Henderson (@JHenderson) April 20, 2021
— Trent Alexander-Arnold (@TrentAA) April 20, 2021
— Andy Robertson (@andrewrobertso5) April 20, 2021