Фудбалската репрезентација назадува на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација назадува на ФИФА листата

пред 9 часа

Светската фудбалска федерација (ФИФА), утре ќе ја објави најновата ранг листа, на која Македонија бележи пад од три места,

По поразите од Шкотска и Словенија, фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 74-то место, што е пад за три места од претходното рангирање.

Кога станува збор за репрезентациите од просторите на поранешна Југославија, пад бележат Хрватска и Србија. Хрватска е 15-та, а Србија 46-та во светот.

Словенија, по победата над Македонија напредуваше за две позиции, сега се наоѓа на 50-то место, Босна и Херцеговина е на 58-то, Косово на 76-то, а Црна Гора на 78-то место.

На врвот нема да има промени, води Шпанија пред Аргентина и Франција.

Foto. EPA/GEORGI LICOVSKI

Share
Scroll to Top