Ф1: 23 трки ќе се возат во 2021 година

Ф1: 23 трки ќе се возат во 2021 година

пред 4 години

Формула 1 го објави календарот за наредната сезона. Според планот треба да се возат 23 трки, а според традицијата сезоната ќе биде отворена во Австралија на 21.март. Во светскиот шампионат наредната 2021 година треба да дебитираат три трки: Саудиска Арабија, Холандија и Вијетнам.

Формула 1 во 2021 година ќе стартува од Мелбурн со Големата награда на Австралија, потоа следуваат трките во Бахреин и Кина. На 25.април Вијетнам ќе дебитира во Формула 1.

Првата европска трка ќе се вози во Шпанија, откако Ф1 реши Големата награда на Холандија, во Зандворт, да се вози наесен наредната година.

Монако е на програмата на 23.мај. а во јуни е трката во Азербејџан. Потоа ќе следуваат трките во Канада, Франција, Австрија, Велика Британија, а последната трака пред летната пауза ќе биде Големата награда на Унгарија.

Термините за вториот дел од сезоната се уште не се прецизирани. По летната пауза треба да се возат најпрвин трките за Големите награди на Сингапур, Русија и Јапонија.

Share
Scroll to Top