Халилхоџиќ ќе го гаси „пожарот“ во Нант

Халилхоџиќ ќе го гаси „пожарот“ во Нант

пред 3 часа

Вахид Халилхоџиќ е назначен за нов тренер на Нант, објави францускиот клуб. Во соопштението се наведува дека Халилхоџиќ ќе го води Нант до крајот на сезоната.

Халилхоџиќ го замени Ахмед Кантари на клупата на Нант, кој беше отпуштен по серијата лоши резултати во француското првенство.

Халилхоџиќ (73) веќе го тренираше Нант од октомври 2018 до август 2019 година.

Неговиот последен тренерски ангажман беше на клупата на мароканската репрезентација, која ја водеше од август 2019 до август 2022 година.

Тој беше и фудбалер на тој клуб во периодот помеѓу 1981 и 1986 година.

Фудбалерите на Нант моментално се наоѓаат на претпоследното, 17-то место на табелата во француското првенство со 17 бода од 25 натпревари.

Share
Scroll to Top