Британецот Луси Хамилтон не е задоволен од третманот што го има, особено кај легендарните Ф1 возачи. Хамилтон минатиот викенд ја забележа 91 победа во кариерата и се израмни со Михаел Шумахер, реално е наскоро тој да го престигне и по бројот на освоени титули.
Хамилтон истакнува дека и покрај успесите што ги постигнува голем број ги омаловажува неговите резултати.
„Многу луѓе г негираат моите резултати, особено тоа го прават легендарните возачи, како да се опседнати со тоа. Не знам зошто го прават тоа. Можеби еден ден ќе преминат преку тоа. Јас и понатаму имам големо почитување кон легендите од минатот, кон сите“, рекол Хамилтон и дополнил.
„Г почитувам бидејќи знам дека во минатото било тешко, поинакви биле условите. Им било тешко и поради тоа се легенди. За 20 години кога ќе правам рекапитулација на кариерата можам да ветам дека нема да критикувам ниту еден од млад возач“.