Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон вели дека се радува поради соработката што ќе ја има со идниот клупски колега, Џорџ Расел (23), кој од наредната сезона ќе вози за тимот на Мерцедес. Наредната сезона тимот ќе има двајца Британци зад воланите. Расел ќе го замени Валтери Ботас кој вчера потпиша договор со Алфа Ромео.
„Му посакувам добредојде на Расел во екипата. Се сеќавам кога се запознавме, кога беше многу млад, сонуваше еден ден да биде Ф1 возач. Јас тој сон го исполнив и знам што овој ден значи за него и како се чувствува. Тој е вистински пример како соништата се остваруваат кога со сето срце одите кон нив. Со вредната работа заслужи место во нашиот тим. Се радувам што ќе го гледам Расел како расте како возач во овој сјаен тим и ќе работиме екипата да ја одведеме на едно посвисоко ниво“ рече Луис Хамилтон.