Хендерсон: Сите во Ливерпул имаат огромна почит кон Рашфорд

Хендерсон: Сите во Ливерпул имаат огромна почит кон Рашфорд

пред 4 години

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон пред големото дерби против Манчестер јунајтед зборуваше за огромната почит која сите во клубот ја имаат кон противничкиот напаѓач Маркус Рашфорд за неговата работа во добротворни цели.

Рашфорд во текот на пандемијата на КОВИД-19 делумно стана активист, борејќи се со детската сиромаштија, поведувајќи неколку кампањи за доделување на храна на учениците кои не одат на училиште.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во октомври изјави дека е горд на Рашфорд, а сега Хендерсон иако признава дека нема да има простор за сентименалности во дербито, вели дека мора да му се оддаде почит на Рашфорд, кој ја продолжи и добрата форма на теренот со 14 гола и 9 асистенции ова сезона.

„Овојпат, ќе го ставиме ривалството на страна и ќе му оддадеме почит на еден од фудбалерите на Јунајтед, и мислам дека сите фанови ќе ме поддржат во тоа, бидејќи се работи за Маркус Рашфорд. Тоа што го направи тој во последните 12 месеци е неверојатно. Се бореше против сиромаштијата, даде глас на децата кои го немаат тоа, и ја искористи својата репутација да помогне на другите. Секоја награда и секоја пофалба која ја добива, не само што е заслужена, туку и е премалку. Енди Робертсон неодамна кажа дека Маркус би бил првиот фудбалер на Јунајтед кој би добил аплаузи и овации од публиката на ‘Енфилд’. Тоа нема да се случи сега, но се надевам дека тој знае дека сите во Ливерпул имаат целосна почит кон него. Тој е пример за сите. Имам среќа што го имам како колега во англиската репрезентација, но денеска тоа нема да важи и знам дека и тој го мисли истото. Денеска е ден за ривалство“, вели Хендерсон.

Share
Scroll to Top