Хенес: 200 милиони или Олисе и радоста на навивачите? Јас го бирам второто

Хенес: 200 милиони или Олисе и радоста на навивачите? Јас го бирам второто

пред 4 часа

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, изјави дека еден од најдобрите играчи на тимот, Мајкл Олисе, не е на продажба, дури ни за рекордна сума пари.

Францускиот репрезентативец игра во голема форма од почетокот на сезоната (11 гола/17 асистенции), и поради тоа не е прашање дали, туку кога ќе се појави првата конкретна понуда.

За Хенес, сепак, нема сомнение дали момчето од татко Нигериец и мајка Алжирика ќе биде ставено на продажба.

„Го играме овој спорт за навивачите. Имаме 430.000 членови и милиони навивачи низ целиот свет. Нема да им биде добро ако имаме 200 милиони повеќе на сметката, а играме лошо од коло до коло“, во една реченица Хенес објасни каков е планот со Олисе.

Во превод, дури и ако се појави понуда од 200 милиони евра, Баерн категорично ќе ја одбие.

Поранешниот играч на Кристал Палас, кој е член на Баварците од 2024 година, има договор со клубот кој истекува во 2029 година, и нема сомнение дека ќе му биде понуден нов и подобар.

Во меѓувреме, игрите на Олисе го привлекуваат вниманието на најголемите клубови во Европа, веќе се шпекулира дека Ливерпул покажува сериозен интерес по објавата на Мохамед Салах за заминување од клубот.

Фото/ /depositphotos

Share
Scroll to Top