Херл победи во Инсбрук, Кобајаши лидер на Новогодишната турнеја

Херл победи во Инсбрук, Кобајаши лидер на Новогодишната турнеја

пред 11 месеци

Foto/ EPA

Австриецот Јан Херл победи во третото натпреварување на Новогодишната турнеја. Пред домашната публика во Инсбрук Херл победи со скоковите од 134 и 127,5 метри.

Херл со втората победа во кариерата се вмеша во борбата за висок пласман на крајот од турнејата Четири скокалници.

По три натпреварувања, најблиску до вкупна победа е Јапонецот Рјоју Кобајаши. Со скоковите од 128,5 и 132 метри тој го освои второто место. Кобајаши беше втор на на првите две скокалници во Обертдорф и Гармиш.

Третото место му припадна на Австриецот Михаел Хајбек.

Водството во генералниот пласман го презеде Кобајаши од Велингер. Јапонецот има предност од 4,8 поени. Со денешната победа Херл се искачи на третото место.

Турнејата ќе заврши во Бишофсхофен на скокалницата „Пол Аусерлајтнер“. на 5 јануари на програмата се квалификациите, а ден подоцна е главниот натпревар од 16.30 часот.

Share
Scroll to Top