Хулијан Алварез: 100 дена без постигнат гол

Хулијан Алварез: 100 дена без постигнат гол

пред 5 часа

Хулијан Алварез, напаѓачот на Атлетико Мадрид го продолжи голгетерскиот пост.

Атлетико Мадрид загуби од Бетис со 0:1, а покрај резултатот, лоша вест е уште една лоѓа партија на Хулијан Алварез, поради што беше заменет по првото полувреме.

Верувале или не, Алварез врза 16 натпревари без постигнат гол за Атлетико, последниот го постигна на 1 ноември против Севилја. Во Лигата на шампионите потоа постигна уште три гола, по еден против Ројал Уунион, Интер и ПСВ Ајндховен.

Ако се погледнат сите натпреварувања, Алварез го постигна својот последен гол на 9 декември во Лигата на шампионите против ПСВ. Во Ла Лига не постигал гол од 1 ноември.

Освен што не е ефиксен, тој не ушествува ниту во играта, последната асистенција ја забележал против Џирона на 21 декември.

Шпанските статистичари подвлекоа дека Алварез не постигнал гол во Ла Лига 100 дена, што е навистина загрижувачко. Тренерот Диего Симеоне јавно го поддржа Алварез, кој поминува низ тежок период.

„Ни треба Хулијан Алварез. Тој е многу важен за нас, најдобриот фудбалер што го имаме и се надеваме дека ќе биде целосно подготвен за дуелот со Барселона во четврток. Имаме клучен период во сезоната пред нас и го сакаме најдобриот Алварез“, рече Симеоне.

Во сите натпреварувања, Алварез постигна 11 гола и имаше пет асистенции во 32 натпревари оваа сезона.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top