Хумелс по само шест месеци ќе ја напушти Рома

Хумелс по само шест месеци ќе ја напушти Рома

пред 1 недела

Матс Хумелс (35) би можел да ја напушти Рома во зимскиот преоден рок, објави италијанскиот инсајдер Николо Шира. Да потсетиме, искусниот германски стопер летово потпиша едногодишен договор со Рома како слободен играч, но досега одигра само 23 минути во тешкиот пораз од Фиорентина (5:1).

Римјаните преживуваат хаотични месеци. Откако во средината на септември беше тренерот Даниеле Де Роси, него го наследи Иван Јуриќ.

Сепак, италијанските медиуми пишуваа дека челниците на Рома, семејството Фридкин не се задоволни од хрватскиот тренер. Има четири победи и пораз на десет меча, а работата му е сигурна до репрезентативната пауза кон средината на ноември.

Поради сето ова, Хумелс е „закован“ на клупата, иако пред неколку месеци одби понуди на. десетина клубови од Англија, Германија, Португалија, Саудиска Арабија… Конкретно медиумите тврдеа дека го посакуваат клубови како Баер Леверкузен, Ајакс, Вест Хем, Реал Сосиедад, Спортинг, Болоња, Мајорка и клубови од Саудиска Арабија.

Тој им се заблагодари на сите, а според италијански извори, Рома го привлекол повикот на Де Роси, кој му објаснил колку е важен за неговиот проект. Де Роси сега го нема, а доколку се точни информациите на Шира, наскоро ќе го нема и Хумелс.

На прашањето зошто Хумелс не игра, Јуриќ објасни дека предност на неговата позиција има 25-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Еван Ндика.

„Според мене, тие се двајца играчи за исто место во тимот и во моментов ми се чини дека нашата одбрана добро се држи. Ндика игра добро и има предност пред Хумелс, но Хумелс е голем професионалец и ќе ја добие својата шанса“, изјави Јуриќ.

Share
Scroll to Top