Црвене звезда ја прекина лошата серија против Жалгирис, Дубаи го декласира Фенер, Ефес победи кај Олимпијакос

Црвене звезда ја прекина лошата серија против Жалгирис, Дубаи го декласира Фенер, Ефес победи кај Олимпијакос

пред 11 часа

Црвена звезда ја прекина лошата серија против Жалгирис, Дубаи среде Истанбул го декласира Фенербахче, а Ефес во Атина го победи Олимпијакос во четвртото коло во Евролигата.

Црвена звезда на дебито на новиот тренер Саша Обрадовиќ, славеше против Жалгирис 88:79. Црвено-вбелите предводени од Џордан Нвора го симнаа проклетството против литвванскиот тим, ја прекинаа серијата од пет порази и воедно на Жалгирис му го нанесоа првиот пораз во тековната сезона.

Црвена звезда одигра спектакуларно во последните шест минути, благодарение на нвора кој постигна девет поени во низа од минус три се одлепи на шест поени разлика.

Нвора го заврши натпреварот со 24 поени, седум скока, пет украдени топки, три асистенции и две блокади. Монеке и одличниот Мотиејунас постигнаа по 13 поени, а Сами Оџелеј постигна 10 поени. Кај Жалгирис се истакнаа Буткевичиус и Ло, тие беа најефикасни со по 14 поени, а Силван Франциско постигна 13.

Ефес славеше во Атина против Олимпијакос со 82:78. Мечот беше драматичен до самиот крај. Кординие погоди тројка на 43 секунди до крајот за 78:79, потоа Олимпијакос не реализираше напад, а Ларкин погоди две слоодни фрлања. На крајот Везенков не успеа да избори продолженија.

Ефес до победата го предводеше Кол Свајдер со 20 поени, одличен беше и Шејн Ларкин со 18, Османи додаде 12, а двоцифрени беа и Ајзеа Кординие со 10 поени и Пи-Џеј Доужер со 11 поени.

Во тимот на Олимпијакос се истакна Питерс со 14 поени, Ворд додаде 13, а Везенков 12.

Дебитантот во Евролигата, Дубаи во Истанбул го декласира актуелниот шампион, Фенербахче со 93:69.

Фенер го запиша вториот пораз во низа пред своите навивачи, откако во петокот загуби од Црвена звезда. фенер сега има победа и три порази, Дубаи е на две победи и исто толку порази.

Дубаи доминираше од стартот на натпреварот, на полувреме предноста беше 15 поени. Во втроиот дел играта на Фенербахче целосно се рапспадна.

Центарот на Дубаи Кабенгеле доминираше со 26 поени и 7 скока, Бејкон имаше 21, Бертанс и Препелиќ по 13, а Петрушев забележа 11 поени и 8 скока.

Кај Фенер, Болдвин и Колсон постигнаа по 12 поени.

Share
Scroll to Top