Чаби Алонсо е соочен со отказ, мора да победи во Билбао

Чаби Алонсо е соочен со отказ, мора да победи во Билбао

пред 3 часа

Ситуацијата во Реал Мадрид станува сè потензична, а тренерот Чаби Алонсо е на работ на отказ. По три натпревари без победа, во домашното првенство, претседателот на клубот Флорентино Перез сериозно размислува за промена на клупата, а следниот дуел со Билбао би можел да ја одлучи судбината на Алонсо.

Иако Алонсо претходно забележа добри резултати и 13 победи во првите 17 натпревари, серијата слаби натпревари неодамна го ставија под лупа на раководството.

Поразот од Ливерпул во Лигата на шампионите, проследен со два нерешени резултати во домашното првенство, дополнително ја влоши ситуацијата. Според информациите од шпанските медиуми, доколку Реал не триумфира против Билбао, Перез би можел да го активира планот Б, односно да го врати Зинедин Зидан, кој веќе седеше на клупата на Мадрид. Доколку тоа се случи Зидан б го водел тимот до крајот на сезоната.

Интересно е што Алонсо е на врвот на листата на желби на Ливерпул доколку Арне Слот не успее да ги подобри резултатите.

Слот, барем засега, доби мал бонус благодарение на победата над Вест Хем, но времето работи против него. Доколку Алонсо добие отказ, враќањето на Зидан на клупата на Реал би можело да ја промени динамиката на тимот до крајот на сезоната, додека Перез бара решение кое би донело стабилност и посакуван резултат во шампионатот на Шпанија и Лигата на шампионите.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top