Чалханоглу ја одбил понудата од Минхен

Чалханоглу ја одбил понудата од Минхен

пред 3 месеци

Капитенот на Турција, Хакан Чалханоглу одбил кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен. Чалханоглу нема намера да го напушта Интер.

„Среќен сум во Интер. Односот со навивачите и клубот е навистина посебен. Возбуден сум поради шансата да освојувам титули со Интер во иднина”, изјави Чалханоглу.

Чалханоглу во Интер пристигна пред три години од редовите на градскиот ривал Милан, играше во финалето на Лигата на шампионите во 2023 година, а неодамна го освои Скудетото.

Претходно кариерата ја изгради во Германија како фудбалер на Карлсруе, Хамбург и Баер Леверкузен.

Моментално го предводи турскиот тим на ЕП во Германија.

Share
Scroll to Top