Фудбалерите на Арсенал не успеаја да ја освојат својата прва титула во Лигата на шампионите, Во драматичното финале, во Будимпешта, ПСЖ беше подобар од нив по изведувањето на пенали со 4:3, откако по 120 минути играша резултатот беше 1:1.
И додека Арсенал и сите негови фанови тагуваа, градскиот ривал Челзи им упати жестока провокација на социјалните мрежи.
Двократниот европски шампион Челзи објави порака на своите социјални мрежи во која се потсмева на новото разочарување на Арсенал.
„Дојдете и посетете го домот на трофеите во Лондон. Резервирајте ја вашата тура до стадионот на „Стемфорд Бриџ“ сега“, објави Челзи.
Come and visit London’s Home of Trophies.
Book your Stadium Tour at Stamford Bridge now.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 30, 2026
Објавата беше придружена со емотикон за трофеј и две ѕвезди, јасна алузија на нивните две титули во Лигата на шампионите освоени во 2012 и 2021 година.
Арсенал, од друга страна, сè уште чека на својата прва европска круна. Ова беше второ финале на Лигата на шампионите и втор пораз за Арсенал. Тие играа во финалето за прв пат во 2006 година, кога Барселона победи со 2:1.
Foto/ EPA








