Фудбалерите на Челзи станаа светски шампиони откако го победија ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство во САД со резултат од 3:0.
Лондонскиот тим ги победи актуелните европски шампиони со головите на Кол Палмер во 22-та и 30-та минута, како и со голот на Жоао Педро во 43-та минута.
FIFA CLUB WORLD CUP WINNERS!!!
pic.twitter.com/KnbFOjfqzg
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 13, 2025
ПСЖ остана со играч помалку во 84-та минута, откако Жоао Невеш доби директен црвен картон.
Турнирот во САД е прв на кој учествуваат 32 екипи, а на финалниот натпревар присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, покрај претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.
Финалето беше организирано во духот на Супербоулот (НФЛ), со настапи на бројни музички ѕвезди.
Челзи заработи 35 милиони евра со освојувањето на титулата, додека на ПСЖ му припадна парична награда од 27,1 милиони евра.