Иднината на Ромелу Лукаку во Челси е многу неизвесна, откако тој беше исклучен од тимот за дербито против Ливерпул во недела, тврди „ЕСПН“.
Менаџерот Томас Тухел решил да го повлече Лукаку целосно од составот по разговорите со Белгиецот по неговото контроверзно интервју со „Скај спортс Италија“, кое било снимено пред три недели, но објавено во четвртокот.
Во него, Лукаку признава дека „не е среќен со ситуацијата во Челси“ и со тактиката на Тухел, и додава дека би сакал да се врати во Интер, од каде што пристигна ова лето во договор од 115 милиони евра. Тухел прво кажа дека неговите коментари „се штетни“ за клубот во клучен момент во трката за титулата, така што е многу храбар потег што тој не е во тимот во моменти кога Манчестер сити имаат 11 поени предност на врвот на табелата.
Според „ЕСПН“, Тухел и неговиот тим сметаат дека Лукаку го предал тимот со интервју кое не било потврдено кај клубот, и иако Белгиецот не сакал да примора трансфер во јануари, сега ситуацијата е целосно сменета и можно е да се направи и таков драстичен потег.
Тухел ќе го исфрли Лукаку од составот за дербито со Ливерпул?