Чеферин најмалку бил разочаран од Барселона и Лапорта

Чеферин најмалку бил разочаран од Барселона и Лапорта

пред 4 години

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за „24ур“, говорел за катуелната ситуација во европскиот фудбал. Фудбалскиот свет во изминатите 72 часа, „виде“ основање и пропаст на еден нов проект, наречен европска Суперлига.

Борбата со клубовите кои ја организираа оваа лига ја доби УЕФА. Чеферин рекол дека не е посомневал дека проектот нема да пропадне. Тој открил кој од клубовите најмалку го разочарал.

За потсетување европската Суперлига ја основаа Реал, Барселона, Атлетико, Интер, Милан, Јуветус, Арсенал, Челси, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул.

„Во понеделникот знаев дека проектот ќе пропадне. Им кажав на делегатите на Конгресот на УЕФА дека проектот ќе пропадне во рок од 24 часа. Потврда добив по завршувањето на Конгресот, кога започнаа да ме бараат од клубовите кои се водат како основачи. Верував во моќта на фудбалот“, рекол Александар Чеферин и дополнил.

„До одредена граница сите ме разочараа, најмалку ме разочара Барселона. Лапорта неодамна беше избран за претседател, два-три пати разговарав со него. Беше под голем притисок поради лошата финансиска ситуација во клубот. Тој не е виновен за финансиската ситуација, но очигледно е дека бил под голем притисок да најде пари. Сепак тој како искусен играч се обезбеди Барселона да излезе од проектот доколку наиде на противење од страна на навивачите“.

Share
Scroll to Top