Чех прими два гола за 18 минути во својот камбек за Челси

пред 6 месеци

Голманската легенда на Челси, Петр Чех се врати меѓу стативите вечерва во меч на развојниот тим на „сините“ против Тотенхем, но почетокот не ветуваше многу – тој прими два гола за 18 минути, пред неговиот тим да се врати за 3:2 победа во меч од Премиер лига 2.

38-годишниот Чех се пензионираше во 2019 година како голман на Арсенал по поразот од Челси во финалето на Лига Европа, но се врати на „Стемфорд бриџ“ како дел од менаџерскиот тим, пред Френк Лампард да го активира како четврти „резервен“ голман во тимот, со што доби шанса повторно да настапува за Челси.

Откако се отвори шанса за настап во развојниот тим, Чех прими гол уште во третата минута преку Џубрил Окедина, за во 18. минута и Харви Вајт да го совлада за 0:2 за Тотенхем. Сепак, Челси успеа да се врати со два гола за само две минути – прво од пенал преку Пирт-Херис во 61. минута, а потоа преку Луис во 63. минута, за во 88. минута Пирт-Херис да донесе 3:2 победа.

Share

GoGoAnime gogoanime haikyuu to the top: Dr. Stone: Stone Wars (https://gogoanime.be/m/X7kd) Episode 11

4Anime hunter x hunter 4anime: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 10

Scroll to Top