Легендарниот парагвајски голман, Хозе Луис Чилаверт, повторно го нападна Винисиус Жуниор, овој пат бранејќи го Џанлука Престијани, играчот на Бенфика кого Бразилецот го обвини за расизам.
Чилаверт изнесе низа контроверзни ставови во радио гостување, тврдејќи дека фудбалот „се испеде.ил“ и дека Винисиус бил првиот што го започнал инцидентот на стадионот на Бенфика, во вторникот навечер, пишува „Марка“.
Инцидентот, да потсетиме, се случи за време на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Бенфика, во кој Реал победи со 1:0, по што Винисиус го обвини Престијани дека го нарекол „мајмун“.
Чилаверт, кој и претходно имаше критички зборуваше за Винисиус, застана во одбрана аргентинскиот фудбалер и фудбалскиот клуб Бенфика.
„Се солидаризирам со Престијани затоа што Винисиус е првиот што ги навреди сите. Ако го погледнете видеото, тој беше првиот што го нарече „сер.ко“. Првата навреда дојде од играч со темна кожа“, рече 60-годишниот Чилаверт, кој му порача на Бразилецот во 2024 година: „Не биди пе.ер, фудбалот е за мажи“.
Парагваецот ја повика Бенфика да го заштити својот играч и да се спротивстави на каква било санкција од УЕФА за Престијани. Според него, казнувањето на Аргентинецот би поставило преседан.
„Ако го казнат, тоа ќе им даде право на геј, лезбејските и сличните заедници да се постават како пример. Не, фудбалот е правоаголник во кој играат мажи и каде што порано разговаравме едни со други пред сè. Откако инсталираа микрофони и камери, стана сè поинакво“, рече Чилаверт.
Поранешниот голман го обвини Винисиус за дискриминација кон белците, потсетувајќи се на натпреварот помеѓу Бразил и Шпанија.
„Светот во кој живееме има кратка меморија. Винисиус тогаш плачеше пред камерите и рече дека сака фудбал во кој црнците можат да живеат подобро. Па, тој самиот дискриминира. „Дали сака ние белците да живееме лошо?“, праша Чилаверт, додавајќи дека сите расистички инциденти во фудбалот „се случуваат во Европа“.
Во изјава за Радио Ривадавија, Чилаверт го нападна и Килијан Мбапе, кој го бранеше својот соиграч Винисиус на теренот и тврдеше дека Престијани пет пати го нарекол Бразилецот „мајмун“.
„Што има да каже? Мбапе зборува за вредности и сè тоа, а живее со трансвестит. Тоа не е нормално. Секој може да прави што сака со својот живот, но не е нормално маж да живее со трансвестит. Најдоброто нешто што мажот може да го има покрај себе е жена“, заклучи Чилаверт, алудирајќи на наводната врска на францускиот напаѓач со трансродовата манекенка Инес Рау од 2022 година.






