Чилиќ се самоуништи, водеше 2:0 па испадна од Медведев

Чилиќ се самоуништи, водеше 2:0 па испадна од Медведев

пред 3 години

Данил Медведев со голем пресврт против Марин Чилиќ успеа да избори пласман во осмина-финалето на Вимблдон. Медведев прв пат во кариерата успеа да се врати од 0:2, против Чилиќ ги загуби првите два сета со 6/7, 3/6, а потоа ја искористи лошата игра на противникот и со 6/3, 6/3, 6/2 си обезбеди место во осмина-финалето.

Марин Чилиќ одигра речи перфектно во првите два сета. Го диктираше ритамот, одлично сервираше и буквално се погодуваше. Од средината на третиот сет Хрватот почна да се самоуништува.

Правше големи грешки, дупки грешки, она што го погодуваше во првите два сета го исфрлаше далеку во аут.

Медведев со два брејка го доби третиот сет, а потоа уште полесно израмни на 2:2, иако во четвртиот сет само еднаш му го одзеде сервисот на противникот. Со грешките и лошата игра Чилиќ продолжи и во решавачкиот сет, во кој немаше никакви шанси да го победи својот противник.

Share
Scroll to Top