Шесте рекорди на Меси за 80 минути

Шесте рекорди на Меси за 80 минути

пред 6 часа

Легендарниот Лионел Меси, во голем стил го започна својот последен танц.

Според мислењето на многумина, најдобриот фудбалер во историјата на играта истрча на теренот на стадионот „Ароухед“ во Канзас, помина 80 минути на него и ја започна оодбраната светската титула со лесна победа на Аргентина над Алжир (3:0).

Тој постигна хет-трик со овации и израмни или сруши дури пет рекорди во една ноќ.

1. Најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства

Со своите 14-ти, 15-ти и 16-ти голови, Лео му се придружи на Мирослав Клосе на врвот на листата на најдобрите мундијалски стрелци. Реално е да се очекува целосно да го симне од тронот до крајот на натпреварувањето во САД, Мексико и Канада. 27-годишниот Килијан Мбапе му дише во врат, тој дојде до бројката од 14 гола, откако претходно против Сенегал постигна два гола.

2. Најстариот стрелец на хет-трик

За прв пат во својата кариера, играчот на Интер Мајами постигна три гола на еден натпревар од Светското првенство, а во исто време стана и најстариот стрелец на хет-трик во историјата со 38 години и 357 дена. Тој го остави зад себе Кристијано Роналдо, кој во 2018 година во ремито помеѓу Португалија и Мароко (3:3) го постигна ова на возраст од 33 години и 130 дена.

3. Најстариот стрелец на два гола

На оваа листа, поранешниот напаѓач на Барселона и Пари Сен Жермен го надмина Роже Мила. Во 1990 година, на возраст од 38 години и 34 дена, Камерунецот постигна два гола во победата над Романија (2:1).

4. Стрелец на најмногу различни Светски првенства

Од 2006 година, Меси е редовно игра на Мундијалите. Досега постигна најмалку еден гол на пет (без гол остана само на Мундијалот во 2010 година). Тој го дели првото место со Роналдо, кој засега има пет од пет и ќе има можност повторно да биде сам на врвот ако постигне барем еден гол на тековното Светско првенство.

5. Најмногу победи

Во својот 27-ми натпревар на најголемата сцена, осумкратниот освојувач на „Златната топка“ ја постигна својата 17-та победа, повторно ставајќи се рамо до рамо со Клосе. Покрај тоа, тој забележа пет нерешени резултати и пет порази.

6. Најмногу голови постигнати надвор од шеснаесетникот

38-годишникот успеа да го сруши рекордот што го држеше Ривелињо 60 години и да стане човекот со најмногу голови надвор од шеснаесетникот. Со водечкиот гол против Алжир, се израмни со Бразилецот (5), го комплетира хет-трикот со уште една таква мајсторија и остана сам пред сите со шест гола.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top