Шест држави ја сакаат организацијата на ЕП во 2025

Шест држави ја сакаат организацијата на ЕП во 2025

пред 3 години

Шест држави поднеле кандидатури за организација на Европското првенство во кошарка кое ќе се одржи во 2025 година.

Европското во 2025 година ќе биде 42 по ред, а ќе биде организирано во четири држави. Кандидатури поднеле Кипар, Финска, Унгарија, Летонија, Русија и Украина.

Унгарија, Летонија, Русија и Украина поднеле кандидатура за организација на натпреварите во фазата по групи и за самата завршница, додека кандидатурите на Кипар и Финска се однесуваат само на натпреварите во групната фаза.

ФИБА организацијата на ЕП во 2025 година ќе ја додели наредната пролет.

Share
Scroll to Top