Ѓоковиќ и Синер го откажаа учеството на Мастерсот во Монтреал

Ѓоковиќ и Синер го откажаа учеството на Мастерсот во Монтреал

пред 2 часа

Мастерсот во Монтреал доживеа тежок удар уште пред да биде утвдрен редослеот. Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер официјално го откажаа учеството на канадскиот турнир од серијата 1000, кој ќе се одржи од 3 до 10 август.

Водечките тенисери на светот во овој период свесно го жртвуваат канадскиот турнир за да се одморат и целосно подготвени да го дочекаат US Open.

Со откажувањето, Синер го прекина импресивната низа од шест последователни мастерс титули, вклучувајќи ги сите пет освоени во тековната сезона. Тој ја пропушти шансата да стане првиот играч во историјата кој во една календарска година би ги освоил сите девет турнири од оваа категорија.

Ѓоковиќ не настапува во Монтреал уште од 2018 година, кога во осминафиналето беше поразен од Стефанос Циципас. Подоцна Србинот воспостави доминација во нивните дуели, победувајќи во 13 од наредните 14 меча.

Со отсуството на Ѓоковиќ, Синер и повредениот Карлос Алкараз, фаворити се вториот рекет на светот – Александер Зверев Феликс Оже-Алијасим, кој во Монтреал доаѓа по маратонскиот четвртфинален меч на Вимблдон против Ѓоковиќ и Австралиецот Алексеј Попирин.

Фото: Депозитфотос

 

Share
Scroll to Top