Ѓоковиќ на патерици – првата фотографија по операцијата

Ѓоковиќ на патерици – првата фотографија по операцијата

пред 6 месеци

Новак Ѓоковиќ за прв пат се појави во јавноста по операцијата на менискусот и испрати порака.

„Изминатиот ден морав да донесам некои тешки одлуки откако доживеав кинење на менискусот за време на мојот последен натпревар.

Сè уште обработувам сè, но со задоволство известувам дека операцијата помина добро.

Многу сум благодарен на тимот од лекари кои беа покрај мене, како и на огромната поддршка што ја добив од моите фанови.

Ќе дадам се од себе за да бидам здрав и подготвен и што побрзо да се вратам на терените.

Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува. Одиме“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

Ѓоковиќ во средата попладне беше опериран, по што ја напушти клиниката во Париз.

Се очекува рехабилитацијата да трае три недели, па тој би можел да биде подготвен за Вимблдон, иако е неизвесно бидејќи Ѓоковиќ е фокусиран на Олимписките игри, кои исто така ќе се одржат во француската престолнина од 26 јули.

Share
Scroll to Top