Ѓоковиќ нема да игра на мастерсот во Париз

Ѓоковиќ нема да игра на мастерсот во Париз

пред 4 години

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да игра на мастерсот во Париз. Тенисерот за „Спортски журнал“ потврдил дека година нема да ја брани титулата во главниот град на Франција.

Минатата година Ѓоковиќ, во финалето на овој турнир, го победи Денис Шаповалов. Ѓоковиќ нема да остане без 1.000 бодови бидејќи поради пандемијата со корнавирусот АТП ги замрзна бодовите кои тенисерите ги освоија минатата година.

За разлика од Ѓоковиќ, светскиот број 2, Рафаел Надал го потврди своето учество во Париз.

Share
Scroll to Top