Ѓоковиќ откри за „Макфакс“ за кого навива на СП, кој ќе биде првак и дали е за Меси или Роналдо

Ѓоковиќ откри за „Макфакс“ за кого навива на СП, кој ќе биде првак и дали е за Меси или Роналдо

пред 4 часа

Од специјалниот известувач од Вимблдон, Ненад Живановски – Столиќ

На прес конференцијата на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ беше запрашан од известувачот на „Макфакс“ дали го следи светското првенство во фудбал, за кого навива, кој мисли дека ќе биде шампион, и за кого би се одлучил помеѓу Меси и Роналдо.

„Секако дека навивам за Босна и Херцеговина и Хрватска. Секогаш ги подржувам репрезентациите од регионот. Подеднакво им се восхитувам и на Роналдо и на Меси. Исто така, од оние репрезентации кои навистина се импресивни Франција игра одлично, но мислам дека Португалија ќе го освои првенството“, ексклузивно за „Макфакс“ прогнозираше Ѓоковиќ.

Share
Scroll to Top