Ѓоковиќ: Со Федерер секогаш имав само професионален однос

Ѓоковиќ: Со Федерер секогаш имав само професионален однос

пред 7 часа

Откако победи на првиот меч, на турнирот од серијата 500 во Базел, Новак Ѓоковиќ зборуваше за својата врска со најпознатиот жител на овој град, Роџер Федерер.

„Нашиот однос никогаш не ги премина професионалните граници, истакна најдобриот тенисер на сите времиња. Секогаш чувствував голема почит кон него, бидејќи многу придонесе за спортот од кој е дел. Привлече многу млади луѓе кон тенисот и му сум благодарен за тоа, но никогаш немавме никаква врска надвор од теренот.

Ѓоковиќ вели дека нема ништо лошо во тоа.

„Така треба да биде бидејќи отсекогаш сме биле големи ривали“.

Не може да се избегне фактот дека самиот Федерер е виновен за нивниот студен однос на почетокот на соперништвото, иако подоцна се подобри до одреден степен.

На Дејвис купот во Женева во 2006 година, Федерер беше тој што многу остро го критикуваше Новак за неговите физички проблеми, поради што често знаеше да го предаде мечот.

Кога Ѓоковиќ штотуку влегуваше на врвот на светот, имаше многу проблеми со дишењето и алергиите, а ова беше решено дури во 2010 година, кога Игор Четојевиќ му ја промени исхраната и го елиминираше глутенот.

Сепак, Федерер не го поштеди Ѓоковиќ во тој натпревар, иако не ја знаеше вистинската причина.

„Иако Ноле беше на збогувањето со Роџер на Лејвер Купот во Лондон 2022 година, сепак е очигледно дека постои дистанца меѓу нив“, ја дефинира врската „Punto de break“.

Тие одиграа 50 натпревари, Ѓоковиќ победи на 27, последниот во полуфиналето на Австралија Опен 2020.

Вечерва, Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло во Базел против Јан Ленард Штруф, 36-годишен Германец, против кого води со 8:0 во меѓусебните дуели. Штруф е 47-ми во светот. Ако Ѓоковиќ гопобеди, ќе се врати меѓу првите десет на АТП листата.

Доколку победи по деветти пат, српскиот ас ќе игра против Нуно Боржеш во четвртфиналето.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top