Ѓоковиќ: Јас и Рафа нема уште долго да играме, ерата завршува

Ѓоковиќ: Јас и Рафа нема уште долго да играме, ерата завршува

пред 9 месеци

Голем интерес предизвика прес конференцијата на Новак Ѓоковиќ во Индијан Велс.

Вкупно траеше повеќе од 15 минути, а Ѓоковиќ се осврна на повеќе теми: причините за лошиот настап на Австралија опен, Олимписките игри во Лос Анџелес, но и чувството што го има за заминувањето од големата сцената на неговите најголеми ривали, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Тие двајца, заедно со Енди Мари, беа нераскинлив дел од мојот развој како играч и за се што постигнав. За тоа се виновни ривалствата со нив. Сите знаеме дека тие моменти ќе дојдат за сите нас, но кога тие навистина ќе дојдат и кога навистина ќе сфатите дека тоа е тоа…Роџер ја заврши кариерата, Рафа и јас нема да играме уште долго. Завршува една ера, и тоа е тажно. Од друга страна, има толку многу прекрасни моменти и натпревари, рекорди кои ги поставивме индивидуално, но и како група. Можеби најголемото ривалство во историјата на спортот меѓу нас тројца или четворица“, рече Ѓоковиќ.

Share
Scroll to Top