Ѓоковиќ ја забележа 100-та победа на Австралија Опен

Ѓоковиќ ја забележа 100-та победа на Австралија Опен

пред 3 часа

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Шпанецот Педро Мартинез со 3:0 во сетови на почетокот од Австралија Опен.

Новак, со максимален триумф, ја започна борбата за 25-та титула на Гренд Слем и ја забележа својата 100-та победа на АО.

Ѓоковиќ, моментално четврти на АТП листата, беше подобар од 71-от тенисер во светот, по два часа игра со 6:3, 6:2, 6:2.

Новак го започна првиот сет совршено, сервираше сигурно, а потоа направи брејк, кој потврди 3:0.

Српскиот тенисер ја одржуваше својата предност до самиот крај и рутински го приведе сетот кон крај. На 5:2, имаше две топки за брејк/сет, но не ги искористи.

Новак го започна вториот сет на ист начин, Мартинез беше сигурен во воведниот гем, но во вториот Ѓоковиќ успеа да направи брејк.

Во седмиот гем, тој успеа да добие уште еден брејк, да поведе со 5:2 и да сервира за 2:0 во сетови.

Србинот сервираше совршено, стигна до 40:0 со три аса, а потоа рутински го приведе сетот до крај и поведе со 2:0.

Третиот сет започна со 2:1 за Мартинез, без брејк, а потоа новак нанижа пет гема и ја заврши работата.

Негов противник во второто коло ќе биде Франциско Маестрели од Италија.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top