Јелена Докиќ: Никогаш не сакав да играм за Југославија

Јелена Докиќ: Никогаш не сакав да играм за Југославија

пред 14 часа

Во кино салите ширум Австралија се појави документарениот филм за Јелена Докиќ, во кој поранешната тенисерка зборува за различни теми, меѓу кои и играњето за репрезентацијата на Југославија.

Докиќ претрпела физичко и психичко малтретирање од нејзиниот татко, кој ја принудил да игра за репрезентацијата на Југославија во 2001 година:

„Би прифатила 100 години злоставување кога би можела да го вратам тоа што неколку години не играв за Австралија“, призна Докиќ и додаде:

„Тој ми одзеде нешто што толку многу го сакав. Ми го одзеде во тој момент. Тој седи во хотелска соба и го гледа ова додека 15.000 луѓе ме исвиркуваат. Сакав само да пропаднам во земја и да исчезнам и никогаш да не се вратам”.

Докиќ признава дека би издржала тешка семејна ситуација и злоставување отколку да и бидат одземени блиските луѓе.

„Би прифатила секаква злоставување, што било на овој свет, доколку не го поминам лично, на не ми бидат одземени моите луѓе. Австралијците и моите обожаватели и сите кои отсекогаш ме поддржувале, да не беа потребни 10 или 15 години додека не излезе мојата книга за да ја дознаат вистината и колку навистина ја сакам Австралија“.

Докиќ беше четврта тенисерка во светот, а нејзиниот најдобар Грен слем пласман беше полуфиналето на Вимблдон во 2000 година.

Share
Scroll to Top