Јово Лукиќ: Би го заменил голот за победа против Канада

Јово Лукиќ: Би го заменил голот за победа против Канада

пред 3 часа

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јово Лукиќ, изјави дека би го заменил својот прв гол за националниот тим доколку тоа значело победа против Канада на Светското првенство.

„Не можев да замислам поубаво сценарио од тоа првиот гол за репрезентацијата да го постигнам токму на Светско првенство. Сепак, жал ми е што не победивме. Повеќе ќе ми значеше да освоевме три бода, а јас да не постигнев гол“, рече Лукиќ по ремито 1:1.

Тој додаде дека освоениот бод може да биде важен за пласман во следната фаза, но само ако тимот продолжи да се бори во секој натпревар како против Канада.

Лукиќ им се заблагодари и на навивачите, истакнувајќи дека атмосферата била како да играат во Босна и Херцеговина.

Селекторот Сергеј Барбарез оцени дека ремито е реален исход и дека освоениот бод е важен во борбата за пласман понатаму.

„Секогаш останува жал кога водите, но мислам дека 1:1 е заслужен резултат. Ова е добар бод за нас, но нема да пресметуваме по првиот натпревар. Ќе се обидеме да победиме во следните два“, изјави Барбарез.

Share
Scroll to Top