Јувентус е подготвен да го продолжи договорот со Алегри

Јувентус е подготвен да го продолжи договорот со Алегри

пред 11 месеци

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри наскоро би можел да потпише нов договор со клубот, пишува „Газета дело Спорт“. Пред почетокот на сезоната се шпекулираше за негово можно заминување од клубот, но оваа сезона искусниот стратег ја надмина првичната цел, бидејќи „старата дама“ се бори за титулата во Серија А.

Актуелниот договор на Алегри е до летото 2025 година, а според најавите, тој сигурно нема да ја започне следната сезона со актуелниот договор.

Раководството на клубот во овој момент повеќе размислува за нов договоро отколку за разделба со тренерот. Преговорите меѓу двете страни треба да почнат напролет, а во новиот договор платата на тренерот од Тоскана ќе биде нешто помала од сегашните седум милиони евра по сезона.

Во меѓувреме, сопствениците на Јувентус веќе размислуваат за трансфери за следното лето.

На врвот на листата се сестраниот дефанзивец на Болоња, Рикардо Калафиори и офанзивниот играч за врска на Аталанта, Туне Копмајнерс. На мета на „црно-белите“ и натаму е Георги Судаков од Шахтјор, уште еден суперквалитетен играч за врска.

Share
Scroll to Top