Јунајтед мора да издвои богатство за да се ослободи од Тен Хаг

Јунајтед мора да издвои богатство за да се ослободи од Тен Хаг

пред 2 месеци

Ерик тен Хаг ги доживува најтешките моменти откако го презеде кормилото на Манчестер јунајтед. По поразот од Тотенхем (0:3), јавноста речиси го отпиша Холанѓанецот, откако од претходно најголемиот дел од навивачите му го свртеа грбот.

Водечките аналитичари на островските медиуми се согласуваат дека Тен Хаг нема начин понатаму да го води тимот на Јунајтед и додаваат дека прашање на време е кога управата на клубот ќе му се заблагодари за соработката.

Тоа најверојатно нема да се случи до крајот на неделата, бидејќи Јунајтед има две тешки гостувања, во Лига Европа се соочува со Порто, додека викендот игра со Астон Вила.

Потоа следува репрезентативната тој период може да биде клучен особено ако не се претстави добро на тие натпревари.

Тен Хаг засега опстанува на функцијата, наводно има поддршка од сопственикот од Инеос и управата, но прашање е колку трпение ќе имаат.

„Дејли Телеграф“ пренесува дека ставот на клубот е дека поразот од Тотенхем е неприфатлив, но стојат зад менаџерот и играчите за да постигнат подобри резултати во следните натпревари.

Сепак, обложувалниците на островот драстично ги намалија шансите поранешниот менаџер на Ајакс да биде првиот отпуштен во Премиер лигата, од 8.00 на 1.50.

Направија и пресметки колку ќе го чини Манчестер јунајтед доколку тренерот добие отказ, откако тоа не се случи на крајот од минатата сезона кога многумина беа сигурни дека клубот ќе донесе таква одлука.

Наместо тоа, неговиот договор е продолжен до летото 2026 година, па разделбата сега би го чинела клубот 17,5 милиони фунти, наместо 10. милиони фунти што би му ги платиле доколку во јуни му го врачеа отказот.

Share
Scroll to Top