Јуниорите на белградски Партизан ги совладаа со 84-73 врсните од тимот на Клуж.
Сепак, сигурно веста за овој меч не би била толку сензационална доколку не беше потегот на младиот кошаркар на „црно-белите“, Срѓан Поповиќ.
Тој се најде во центарот на внимането на кошаркарската јавност во Србија откако погоди тројка од кош на кош и тоа во последната секунда од третиот период.
Погледнете: