Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Ќиро Блажевиќ секогаш дава изјави без многу да внимава на „коректниот“ јазик или на тоа дали ќе навреди некого, така што беше интересно да се слушне неговиот став за елиминацијата на Црвена звезда во двобојот со Милан.
Звезда испадна во 1/16 финалето на Лига Европа по две ремија (2:2, 1:1), само бидејќи Милан имаше еден повеќе постигнат гол во гости.
„Малку фалеше, сине мој. Но, на крајот тоа е многу. Среќата, како и несреќата на крајот ги маскира работите. Важно е дека има впечаток дека можеме со најголемите и тоа е добро за иднината. Што фалеше? Авторитет. Да влезеа во натпреварот со став ‘кој ви е.е матер’ или да кажеа ‘е, сега, ќе им е.ема мајката на Милан’. Ете, тоа фалеше“, вели Блажевиќ во интервју за српскиот „Курир“.