Џабе рекордите на Роналдо – Јунајтед „падна“ во Швајцарија во 95. минута!

Џабе рекордите на Роналдо – Јунајтед „падна“ во Швајцарија во 95. минута!

пред 4 дена

По долго чекање, денеска конечно стартуваше и новата сезона во Лигата на шампионите, со два необични меча од раниот термин во кој фаворитите Манчестер јунајтед и Севилја не успеаја да победат во мечеви во кои беа ослабени со црвени картони. Посебно неверојатен беше колапсот на Манчестер јунајтед, кои поведоа преку рекордерот Кристијано Роналдо, но потоа Џеси Лингард им подари славна победа на Јанг бојс.

На „Ванкдорф“, Јунајтед имаа совршено отварање – Бруно Фернандеш го пронајде Роналдо во неговиот рекорден 177. меч во ЛШ во 13. минута за фантастично водство. Но, доминацијата на Јунајтед престана во 35. минута, кога Арон Ван-Бисака имаше непромислен груб старт и доби директен црвен картон.

По ова, Јанг бојс ја искористија предноста на теренот за да извршат постојан притисок на половината на „ѓаволите“, која конечно вроди со плод во 66. минута кога по одличното нафрлање и слабата реакција на одбраната на гостите, Николас Муми Нгамалеу израмни на 1:1. Кога изгледаше дека Јунајтед изддржаа за 1:1, Џеси Лингард неверојатно му даде топка на Џордан Сиебачу, кој го казни Давид де Хеа за славна победа.

На „Рамон Санчез Писхуан“ пак се одигра прво неверојатно полувреме со четири досудени и два промашени пенали, за на крајот Севилја да се задоволи со 1:1 реми со австрискиот шампион Ред бул Салцбург.

Белорускиот судија Алексеј Кулбаков досуди дури четири пенали – еден за домаќините и три за гостите. Во 13. минута, Карим Адејеми избори пенал за Салцбург, а потоа го утна. Само осум минути подоцна, уште еден пенал за Салцбург, откако Хесус Навас го собори Адејеми, а овојпат Хрватот Лука Сучиќ погоди за 0:1.

Во 37. минута Адејеми избори уште еден пенал откако беше соборен од голманот, а Сучиќ овојпат ја погоди стативата. Шансите на Севилја да бркаат победа се „урнаа“ во 50. минута, која Јунес Ел Несири доби втор жолт картон (овојпат за симулирање) за тимот на Хулен Лопетеги да остане со играч помалку.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА Ф

Јанг бојс – Манчестер јунајтед 2:1

Вилјареал – Аталанта 21.00 ч.

ГРУПА Г

Севилја – Ред бул Салцбург 1:1

Лил – Волфсбург 21.00 ч.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Share

AnimeFreak: Haikyuu!! (OVA) anime episode 3 online free at https://animefreak.ws anime freaks tv

Website https://wcostream.cc: Watch Super Demon Hero Wataru wcostream Episode 51 wcostream one piece

Website https://animedao.nl: Watch Ragnarok the Animation (Dub) animedao Episode 26 animedao softonic

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Scoop: https://www.scoop.it/u/gogoanimelol

Paper: https://paper.li/HCICkAjUZq9fwf3gJvq07#/

Scroll to Top